Свет 08. ноември 2020. / 23:02

Меланија Трамп: Да се преброи секој легален глас

Меланија Трамп: Да се преброи секој легален глас

Сѐ уште актуелната американска прва дама, Меланија Трамп денеска за првпат се изјасни за резултатот од изборите. Таа го повтори ставот на нејзиниот сопруг дека треба да се пребори секој легално даден глас.

Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не нелегален, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност, напиша таа на Твитер.

 

Американската телевизија Си Ен Ен, претходно, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, јави дека таа приватно му кажала на сопругот дека треба да го прифати поразот.