Свет 04. јуни 2020. / 21:50

Мексико го надмина САД по бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво

Мексико го надмина САД по бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво

Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од корона вирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја. Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238. 

Вкупно починале 11.729 луѓе, со што Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од корона вирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.