Свет 06. јануари 2021. / 21:57

Мекенани: Трамп ја повика Националната гарда

Мекенани: Трамп ја повика Националната гарда

Прес секретарката на Белата куќа, Кејли Мекенани, во средата објави дека претседателот Доналд Трамп наредил вклучување на Националната гарда како би се спречиле сцените на хаосот што изби во Капитол Хил.

-Во насока на Претседателот Доналд Трамп, Националната гарда е на пат заедно со другите сојузни заштитни служби. Го повторуваме повикот на претседателот Трамп против насилството и да остане мирен, сподели Мекени на Твитер.

Претходно, Доналд  Трамп, кој во повеќе наврати претходно ги повикуваше своите призврзаници да маршираат кон Сенатот за да побараат од Конгресот да ги поништи изборите, апелираше преку твит демонстрантите да „останат мирни“.