Британската премиерка Тереза Меј им се обрати на Британците преку отворено писмо, во кое побара поддршка за договорот за Брегзит , кој треба да биде потврден.
Меј побарала поддршка од британската јавност за договорот иако се уште во потполност не е сигурна дали за договорот има поддршка во својата партија, пренесе Ројтерс.
Британската премиерка во писмото порачале дека води кампања со „срце и душа“ за договорот за излез на Велика Британија од Европската унија да биде прифатен пред Парламентот во Лондон, изко за ова според агенцијата Ројтерс има силно противење и надвор од партијата на Меј.
-Тоа ќе биде договор кој е во нашиот национален интерес, договор кој е за целата наша држава и целиот наш народ, без разлика дали сте гласала за останување или излегување од ЕУ, им порачала премиерката Тереза Меј на Британците во своето писмо.
Меј во моментов е на самит на ЕУ во Брисел каде се очекува дека ќе го обезбеди договорот за Брегзит.