Свет 26. февруари 2019. / 15:50

Меј: Пратениците ќе одлучуваат за-Брегзит

Меј: Пратениците ќе одлучуваат за-Брегзит

Британската премиерка, тереза Меј подлегна под притисокот и рече дека ако парламентот го отфрли нејзиниот договор за „брегзит“, пратениците ќе одлучуваат по прадлогот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор или пак, земјата да се обиде да го одложи излегувањето од Унијата.

Според зацртаните рокови, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но досега владата не ја доби поддршката од парламентот за договорот постигнат меѓу челниците на ЕУ и премиерката Тереза Меј, околу условите за излез на Британија од Европската Унија.