Свет 09. јули 2018. / 22:57

Меј го именуваше новиот шеф на дипломатијата

Меј го именуваше новиот шеф на дипломатијата

Британската премиерка Тереза Меј го именуваше Џереми Хант за министер за надворешни работи.

Хант доаѓа на местото на Борис Џонсон кој денеска си поднесе оставка на функцијата во знак на протест поради владините планови за блиски трговски односи со Европската унија.

-Кралицата со задоволство го одобри именувањето на пратеникот Џереми Хант за државен секретар за надворешни и работи на Комонвелтот, соопшти кабинетот на премиерката Меј, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска министерот за надворешни работи Борис Џонсон и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис си поднесоа оставки во знак на протест поради плановите на премиерката за излез од ЕУ, кои таа ги усогласуваше со кабинетот во минатиот петок.