Свет 15. јануари 2019. / 21:23

Meј доживеа пораз: Британскиот Парламент не го поддржа договорот за Брегзит

Meј доживеа пораз: Британскиот Парламент не го поддржа договорот за Брегзит

Британската премиерка Тереза Мeј доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

Нејзиниот договор доби 202 гласови „за“, наспроти 432 пратеници кои беа „против“.

Гласањето еднаш беше одложено во декември откако Меј тоа го побара заради немање поддршка.

Пред гласањето, последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и размена на остри реплики. Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за Брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Меј биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.