Свет 20. октомври 2018. / 21:15

Меѓународните организации бараат независна истрага за новинарот Кашоги

Меѓународните организации бараат независна истрага за новинарот Кашоги

Меѓународните организации „Амнести интернешнал“ (АИ) и „Репортери без граници“ (РСФ) побараа независна истрага под закрила на ОН за смртта на судискиот новинар Џемал Кашоги.

Ријад официјално признава дека новинарот кој на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, го загубил живот.

Саудиските власти наведоа дека Кашиги загинал во судир што избивнал во конзулатот, но АИ смета дека ова објаснување не е достојно за доверба и претставува нов катастрофален рекорд на Саудиска Арабија за почитување на човековите права.

Саудиските власти досега тврдеа дека 59-годишниот Кашоги, критичар на власта во Саудиска Арабија, од конзулатот излегол жив на 2 октомври кога дојдошол по документот за венчавање.

„Турската Влада треба од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да побара да наложи итна истрага за околностите на смртта на Кашоги”, додаде АИ, наведувајќи дека независна истрага е најдобрата гаранција за просветлување на случајот.

РСФ соопштија дека треба да се изврши притисок врз Саудиска Арабија и да го бојкотираат претстојниот економски форум што ќе го организира таа земја.

Генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар, оцени дека е незамисливо да се разговара за „работа и да се разговара со инвеститорите како ништо да не се случило”, и додаде дека дури и новата верзија на власта за смртта на Кашоги има за цел да го закрие најосновното – насилно злосторство против новинар по налог на државата.