Свет 18. април 2018. / 22:47

Меѓународен тим ќе го истражува убиството на новинар кој предизвика политичка криза

Меѓународен тим ќе го истражува убиството на новинар кој предизвика политичка криза

Државниот обвинител на Словачка потпиша договор за формирање на меѓународен тим кој ќе има задача да го истражи убиството на истражувачкиот новинар и неговата свршеница. Обвинителот, во Хаг, се договорил за истрагата со италијанските правосудни власти и претставниците на Европол и Евроџаст.

Новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница, Мартина Куснирова беа убиени во нивниот дом на 21-ви февруари. Словачките власти тогаш соопштија дека околностите на убиството укажуваат оти истото било нарачано и најверојатно има поврзаност со истражувањето на кое работел новинарот.

Убиството на Куцијак предизвика политичка криза во земјата, што резултираше со протести, пад на владата и промена на шефот на националната полиција.