Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во акција изведена во јужната провинција Мерсин, соопшти тамошното обвинителство.
Во заедничка акција со безбедносните сили на јужната провинција Хатај, тимовите за борба против дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кое според декларацијата имало само банани од Еквадор, пренесува сајтот Дејли сабах.
Меѓутоа при претресот биле откриени 530 пакети со кокаин, се наведува во соопштението. Во акцијата се уапсени четири лица.