Една од најголемите медиумски групи во Нов Зеланд, Стаф, која е во финансиски потешкотии, се продаде за еден долар на генералниот директор на компанијата.
Стаф Лимитед печати голем број дневни вестици, а води и популарен веб сајт за информации. Има вработено 900 луѓе, вклучително и 400 новинари.
Стаф , која е во сопственост на австралиска фирма Најн ентертејмент, имала потешкотии и пред да се случи пандемијата со коронавирусот, а од тогаш до сега има огромен оад на приходите од огласувањето
Австралиската компанија во изјава за австралиската берза изјави дека Стаф ќе биде продаден на генералната директорка Шинеад Бушхер за симболичен еден долар, а трансакцијата ќе биде завршена до крајот на месецот.