Свет

Медиумите шпекулираат за можната смрт на саудискиот престолонаследник

Медиумите шпекулираат за можната смрт на саудискиот престолонаследник

Речиси месец дена нема ни трага ни глас од престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман. Според некои ирански медиуми, принцот можеби е убиен за време на наводниот обид за државен удар што се случи минатиот месец, пренесе Спутник.

Според персискиот весник Кејхан, во извештајот на тајната служба, што бил испратен на високите функционери на неименувани арапски држави, се наведува дека Мухамед бин Салман бил застрелан со два куршуми за време на нападот на неговата палата на 21 април. Весникот додава дека тој е најверојатно мртов, бидејќи оттогаш не се појавил во јавноста.

На таа мистериозна ноќ се слушале рафални истрели и детонации на територијата на кралскиот замок. Според официјалната верзија, наводно обезбедувањето пукало на играчка дрон. Меѓутоа сепак признале дека кралот Салман и принцот престолонаследник биле евакуирани во воен бункер. На снимките кои биле објавени на социјалните мрежи се добива впечаток дека многу луѓе го соборуваат дронот и тоа со целосен арсенал на пешадиско оружје. Силни детонации одекнувале подолго од еден час, што веднаш предизвикало сомнеж за вистинитоста на официјалната верзија.

Во меѓувреме, за време на „исчезнувањето“ на принцот, Саудиска Арабија не води ништо помала дипломатска активност од порано. Додека престолонаследникот на себе ја имаше преземено целата надворешна политика, а речиси и внатрешната, за сето ова време се гледа како актуелниот и болен крал Салман ги прима странските гости. Принцот Мухамед не се појави ни за време на посетата на новиот државен секретар Мајк Помпео на 27 април, туку високиот американски гостин е пречекан од Кралот Салман.

На Блискиот Исток, каде што секогаш било бурно, минатиот месец било уште побурно. Во Сирија се уште секој војува со секого, додека САД излегоа од нуклеарниот договор со Иран и ја пренесоа својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Сите три прашања се на врвот на приоритетот на надворешната политика на Саудиска Арабија. Сепак, од принцот Мухамед ни трага ни глас. Поддршка на Америка по иранското прашање изнесе министерот за надворешни работи на земјата.

Принцот Мухамед има многу непријатели, особено во своето семејство. Самото негово назначување како наследник, а не на принцот Мухамед бин Наиф, го поделило семејство на два табора. Постоеле шпекулации дека државен удар бил пробан и во август минатата година, што дополнително ги зголемило тензиите во кралската палата. Во хотелот Риц во Ријад веќе се во притвор неколку десетици најбогати и највлијателни Саудијците, од кои Мухамед се обидел да земе 100 милијарди за реформи. Се покажа дека неговото семејство е неговата најголема опозиција во земјата.

Доколку саудискиот принц е навистина мртов, тој ќе се дознае наскоро. Доколку е само ранет, сѐ ќе остане на шпекулации, исто како што било и со самиот воен удар.