Свет 31. март 2020. / 12:56

Медицински феномен: Во село во срцето на Ломбардија нема ниту еден заразен со Ковид-19

Медицински феномен: Во село во срцето на Ломбардија нема ниту еден заразен со Ковид-19

Челниците за здравство започнаа научна истрага за едно село во срцето на италијанскиот регион Ломбардија која е најмногу погодена од коронавирусот, откако се појави информација дека никој од нејзините жители не бил позитивен на болеста, пренесе express.co.uk.

Медицинските лица велат дека Ферера Ербоњоне, село со илјада жители во провинцијата Павија, се чини дека е имуно на вирусот Ковид-19. Тие сега се надеваат дека ќе направат серија тестови на жителите за да се обидат да откријат зошто.

Градоначалникот Џовани Фасина им порача на сите семејства дека до 2 април можат да се пријават за тест на крвта во лабораторија во блискиот град Саназаро де Бургунди.

Тестовите ќе бидат доброволни, а граѓаните кои не се во можност да патуваат до Саназароро де Бургунди, ќе имаат можност да направат тест  дома.

Фасини не верува дека тоа што во селото нема ниту еден заразен  се должи на генетиката.

Тоа е само неизвесна состојба затоа што очигледно населението ги почитуваше мерките на владата, рече градоначалникот.

Целта за нив е како што рече,  да развиејат метод за да знаеме дали антитело е доволно за да покаже дали популацијата е имуна.

Убеден сум дека многу луѓе стапиле во контакт со некој што бил заразен и развиле инфекција во асимптоматска форма. Можеме да утврдиме процент од популацијата што е имуна, смета Фасини.

Ломбардија е  епицентарот на заразата на Италија со 6.360 смртни случаи и повеќе од 41.000 потврдени случаи, но селото Ферера Ербононе досега е поштедено.

Истрагата има за цел да разјасни дали антитела способни за борба против коронавирусот се присутни кај популацијата на Ферера Ербононон.

Истражувачите од Павискиот институт „Мондино“ се надеваат дека ќе пронајдат нешто во имунолошкиот систем кај малото население, што може да објасни зошто никој не е заразен и потенцијално да дадат податоци што би можеле да помогнат во запирањето на пандемијата.

Ја одбравме Ферера затоа што е заедница во која не се случиле случаи на инфекција со коронавирус, изјави шефот на Институтот во Мондино, Ливио Тронкони.

Како резултат на тоа, студијата на населението може да даде резултати од одредена релевантност, кои потоа ќе бидат споделени со вирусолози на Поликлиниката Сан Матео и со научниот комитет на регионот Ломбардија.

Бројот на починати од појавата на коронавирусот во Италија е близу 11 илјади.

Бројот на жртви, што е далеку најголем од секоја земја во светот, претставува повеќе од една третина од сите смртни случаи од заразен вирус ширум светот.