Стотици медицински работници во Хонгконг почнаа штрајк со барање за целосно затворање на границата со Кина, за да се намали ризикот од коронавирусот.
Хонгконг засега го суспендира прекуграничниот траектен и железнички сообраќај, но здравствените работници бараат целосно затворање на границата. Властите, пак, тврдат дека целосното затворање на границата е во спротивност со советите на СЗО.
Во Хонгконг засега се потврдени 16 случаи на заразени со коронаворус.
– Ако границата се затвори во целост, нема да има доволно луѓе, заштитна опрема и соби за изолација за да можеме да се бориме со епидемијата – претседателката на новиот синдикат на болничките работници, Вини Ји.
Први во штрајк стапија стотици медицински работници кои се сметаат за помошен пероснал. Синдикатот, во кои се и лекарите и медицинските сестри, од утре, исто така, влегува во штрајк доколку не се исполнат во целост нивните барања.