Свет 21. септември 2018. / 09:49

Маж се обидел да украде патнички авион – полицијата го уапсила

Маж се обидел да украде патнички авион – полицијата го уапсила

Американската полиција во Флорида уапси пилот на обука кој се обидел да украде патнички авион.

Мажот се обидел да го украде патничкиот авион, кој се наоѓал на меѓународниот аеродром Талахаси во Флорида.

Според портпаролката на аеродромот ,,Орландо- Мелбурн”, Лори Букер, антитерористички специјалци го истражуваат овој случај и се обидуваат да го откријат мотивот за крадење на патничкиот авион.