Свет 04. октомври 2018. / 10:24

Маж од државата Јута, осомничен дека ги пратил писмата со отров до Пентагон, Трамп и сенаторот Круз

Маж од државата Јута, осомничен дека ги пратил писмата со отров до Пентагон, Трамп и сенаторот Круз

Мажот од американската држава Јута, идентификуван како Вилијам Клајд Ален Трети, бил задржан во притвор поради сомнение дека е поврзан со праќање на писма до службеници на Пентагон и претседателот Доналд Трамп, за кои се стравувало дека го содржат островот рицин, јавува “Reuters” повикувајќи се на извори од полицијата.

Неименуван извор, меѓутоа, нагласува дека обвинение против осомничениот, инаку ветеран на американската морнарица кој бил уапсен во градот Логан во Јута, веројатно нема да биде поднесено до петок.

Во соопштението на единиците на ФБИ од Солт Лејк Сити, се наведува дека таа агенција истражува “потенцијално опасни хемикалии” во Логан, кој се наоѓа на околу 106 километри од Солт Лејк Сити.

Во соопштението луѓето се повикуваат да ја избегнуваат таа област. “Во овој момент не постои поголема закана за безбедноста на јавноста”, стои во соопштението.

Претходно портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт, рекла дека сомнителната супстанца во пликоата, кои биле пратени до објектот на Пентагон за сортирање на пошта, не била самиот отров рицин, туку семето на билката од која тој се добива. “Reuters” пренесува, повикувајќи се на неименувани американски службеници, дека американските инспектори речиси го исклучиле тероризмот, како мотив за праќање на коверти.

Пентагон ја примил поштата за која постоело сомнение дека го содржи отровот рицин, како и писмо пратено до американскиот министер за одбрана.

Неименуваниот службеник рекол тогаш за “Гласот на Америка” дека Пентагон примил две пликоа, од кои едниот бил пратен до Матис, а другиот до главниот командант на поморските операции, адмирал Џон Ричардсон.