Свет 23. април 2020. / 22:00

Маж и жена на 77 и 68 години добија близнаци

Маж и жена на 77 и 68 години добија близнаци

Жена од Лагос роди здрави близнаци, што е прв таков случај во Нигерија, ја пренесуваат светските медиуми ширум светот приказната за пар кој никогаш не се откажал од желбата да има деца.

Маргарет Аденуга роди близначиња, машко и женско дете со царски рез во 37. недела, а ова е и нејзина прва бременост, соопштуват функционери од Универзитетската болница во Лагос.

Според зборовите на докторот Ваис Адехемо, 68-годишната Марагарет останала трудна благодарение на вонтелесно оплодување, поради што, таа и нејзиниот сопруг Ноа, сега се пресреќни.

Маргарет и Ноа, стар 77 години, никогаш не се откажаа, и покрај бројните обиди, тие ја постигнаа својата цел – вели Сопругот.

Како што потсетуваат медиумите, една од најстарите жени која родила дете за првпат е од Индија, која минатата година на 73 години доби близнаци.