Поранешниот американски секретар за одбрана, Џејмс Матис, го опиша Пакистан како најопасната земја во светот, изразувајќи длабока и мрачна загриженост и за радикализацијата во неговото општество и за се поголемиот арсенал од нуклеарно оружје, пренесува РТ.
По неколку децении во војската пред да стане секретар за одбрана на Трамп од јануари 2017 до јануари 2019 година, Џим ‘Лудиот пес’ Матис ги изрази загрижувачките ставови за Пакистан во својата нова книга „Call Sign Chaos“.
Во книгата Мaтис, поранешен врвен командант на американските маринци во Авганистан и подоцна шеф на Централната команда на САД, тврди дека владата на Пакистан гледа на целата геополитика преку призмата на своето непријателство кон Индија до тој степен што помогнала да се инсталира пријателска влада во Кабул само за да му се спротивстави на индиското регионално влијание.
–Од сите земји со кои сум се занимавал, сметам дека Пакистан е најопасен поради радикализацијата на неговото општество и достапноста на нуклеарно оружје. Не смееме да дозволиме најбрзорастечкиот нуклеарен арсенал во светот да падне во рацете на терористите кои растат меѓу нив. Резултатот ќе биде катастрофален – пишува Матис.
Матис притоа лудира на групите како Техрик-и-Талибан Пакистан и ИД кои се надеваат дека ќе ја соборат пакистанската влада и ќе воспостават свој калифат.