Свет 28. октомври 2019. / 12:55

Матео Салвини победи на регионалните избори во Умбрија, историското упориште на левицата

Матео Салвини победи на регионалните избори во Умбрија, историското упориште на левицата

Сојузот на десничарски партии, предводен од доскорешниот италијански вицепремиер Матео Салвини победи на регионалните избори во Умбрија и со тоа го презеде историското упориште на левицата и и нанесе сериозен удар на владеачката коалиција во Рим.

Адвокатката Донатела Тесеи, кандидатка на партијата Лига на Салвини, освоила 57,6 отсто од гласовите. Таа ја имаше поддршката и од неофашистичката партија Италијански браќа ((Fratelli d’Italia, FdI) како и од Напред Италија (Forza Italia) на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

На второ место се најде Виченцо Бјанкони, кандидат на граѓанското општество кој беше поддржан од Движењето Пет ѕвезди (M5S) и Демократската партија (PD), освојувајќи 37,5 отсто од гласовите.

Иако регионот Умбрија има само 900.000 жители, регионалните избори биле тест за владеачката коалиција M5S i PD. Таа проевропска коалиција пред два месеца  ја замени популистичката влада на Движењето Пет ѕвезди и Лига, која Италија ја водеше од јуни 2018 година до август годинава.

Салвини дојде во Перуѓа за да ги „прослави победата“ на Тесеи и нејзиниот „неверојатен резултат“.

Салвини им честита на Умбријците на тоа што „ја избраа слободата во име на 60 милиони Италијанци“, што е референца на неговите барања за парламентарни избори од моментот на распадот на коалицијата меѓу Движењето Пет ѕвезди и Лига.

– Деновите ви се одброени, им порача Салвини на премиерот Џузепе Конте, на Луиџи ди Мајо од Движењето Пет ѕвезди и на лидерот на Демократската партија Никола Цингарети.

Според него, моментално министрите од Движењето Пет ѕвезди и Демократската партија „владата ја прават со сила и привремено“ .

Салвини во овој земјоделски регион, познат по тартуфите и домашната пршута, успеа да ја победи левицата која на власт таму беше 70 години.