При пукање во калифорнискиот град Бејкерсфилд напаѓач убил четири лица вклучувајќи ја и својата жена, по што си го одзел животот.
Мотивот на овој злочин засега не е познат, пренесе „АП“.
„Очигледно е дека ова не е случајна престрелка“, рече шерифот на округот Керн, Дони Јангблад.
Напаѓачот, како што пренесе „АП“, најпрво ги убил својата сопруга и уште едно лице во компанија која се занимава со транспорт, по што заминал во една куќа и таму убил маж и жена. Потоа украл автомобил од жена која се возела со дете и се упатил кон автопатот. Се исклучил од сообраќај и го паркирал возилото, по што си пукал во главата.