Свет 22. декември 2020. / 15:05

Масовна вакцинација во Израел: За два дена вакцинирани 30.000 луѓе

Масовна вакцинација во Израел: За два дена вакцинирани 30.000 луѓе

Скоро 30.000 луѓе веќе се вакцинирани против коронавирусот од почетокот на масовната вакцинација во Израел во неделата, изјави денеска министерот за здравство Џули Еделштајн, апелирајќи до јавноста да аплицира за примање на вакцината.

Тој најави дека вакцинирањето во домовите за стари лица ќе започне денес.

Во Израел прво се вакцинираа здравствените работници, а потоа започна и вакцинацијата на лица постари од 60 години.

Израелците во моментов можат да се вакцинираат на 70 места низ целата земја кои се отворени 12 часа и вакцинацијата тече непречено, но тешко е да закажете по телефон, па затоа понекогаш се чека на врската до два часа.