Свет 12. мај 2020. / 14:54

Маските не треба да бидат задолжителни, советуваат од СЗО

Маските не треба да бидат задолжителни, советуваат од СЗО

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Маргарет Харис, изјави дека сите земји треба да го зголемат бројот на тестирања за Ковид-19 и да трагаат по заразени, бидејќи тоа се основите на загатката за справување со вирусот.

Во гостување на БиБиСи радио 5 таа вели дека маските не се главната заштита од вирусот и дека СЗО не рекол дека тие треба да бидат задолжителни.

Ковид-19 може да продолжи да предизвикува „многу, многу лоши работи за нас“ доколку јавноста не се придржува на предупредувањата што вирусот ги испрати, изјави Харис, додавајќи дека додека престојот дома беше важен, но сега сите ќе мора да научат да живеат на нов начин на живот што ќе го спречува вирусот да предизвика штета.

-Добрата општа хигиена, правилното миење на рацете и социјалното растојание и понатаму се важни методи на заштита, рече Харис.

Во однос на отворањето на училиштата пред летните одмори, д-р Харис рече дека не може да коментира бидејќи не била целосно запознаена со плановите.

– СЗО издаде јасни упатства за училиштата за повторно отворање, вклучувајќи мерки, како што се добро проветрени простории, соодветни простории за да се овозможи социјално растојание, па дури и часовите да се одржуваат на отворено, посочи таа.