Пет лица го загубија животот во пукање во Сан Диего во САД, пренесува РТ. Според полициското соопштение, меѓу жртвите има и деца, а едно сè уште се бори за живот во локалната болница.
Кога полицијата извршила рација во куќата, на подот пронашла дете покриено со крв, а неколку други биле пронајдени ранети.
Момче (3), жена (29) и маж (31) се прогласени за мртви на местото на настанот, а две деца, на возраст од 5 и 9 години, починале во болница.
Едно 11-годишно момче се бори за живот.
Се верува дека убиецот е меѓу загинатите, соопшти полицијата. Соседите слушнале расправии и истрели од огнено оружје, па повикале полиција.