Европа има право на својата енергетска политика, но Соединетите држави не го земаат во предвид тоа и се закануваат со екстериторијални санкции, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, објави прес-службата на министерствата.
Со најавување санкции, особено за Европејците, американската влада го запоставува суверенитетот на Европа и своето право да одлучува сама за себе, каде и како ќе купи енергија, рекол Мас, пренесе ТАСС.
Тој посочил дека Европската енергетска политика се спроведува во Европа, а не во Вашингтон и додаде дека Европа решително ги негира вонредните санкции.
„Сметаме дека е несоодветно да се воведат санкции за партнерите“, рече Мас.
Според него, потребна е заедничка трансатлантска позиција за санкции против Русија.
„Сегашната одлука на американската влада ги прави овие напори уште потешки“, додаде Мас.