Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ во Загреб, порача дека Европската Унија мора да прецизира своја стратегија за изградба на односите со Русија.
Како што истакна Мас, неопходноста од такво нешто произлегува од тоа што многу прашања во светот може да бидат решени само со учество на Москва.
– Знаеме дека сериозни судири, како сирискиот, важни прашања, како климатските промени и разоружувањето, не можат да се решат без Русија. Поради тоа мора да прецизираме наша стратегија кон Русија – истакна шефот на германската дипломатија.