Мароко го одбива планот на ЕУ за отварање прифатни центри за мигранти надвор од Европската Унија.
„Мароко ги отфрла и секогаш отфрлал такви методи за управување со приливот на мигранти“, изјави министерот за надворешни работи Насер Бурито по состанокот со шпанскиот колега Хозе Борељо. Тој ги осуди лесните решенија и контрапродуктивните механизми.
Мароко, Тунис и Албанија се споменуваат како земји за прифатни центри надвор од ЕУ, за што разговараат лидерите на ЕУ на самит во Брисел. Шпанија се залага за посилна соработка со Мороко за решавање на мигрантското прашање.