Свет 16. април 2018. / 11:12

Марк Закерберг: Ги следиме и оние што не се корисници на Фејсбук

Марк Закерберг: Ги следиме и оние што не се корисници на Фејсбук

Фејсбук минатиот месец призна дека податоците од десетици милиони корисници завршиле во рацете на политичката консултантска фирма Кембриџ аналитика, меѓу чии клиенти беше и изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, во 2016 година.

Закерберг во средата пред Конгресот на САД, одговарајќи на прашања на пратениците, рече дека од безбедносни причини, Фејсбук исто така собира и „информации за луѓе што не се нејзини корисници“.

Застапниците и заговорниците на приватноста веднаш почнаа да протестираат поради оваа практика, а многумина рекоа дека Фејсбук треба да најде начин оние што не се негови корисници да дознаат што знае компанијата за нив.

Сепак, Фејсбук во петокот соопшти дека „неговите производи и услуги се во согласност со законот“.

Критичарите велат дека Закерберг не кажал доволно за обемот и употребата на податоците.

„Не е јасно што прави Фејсбук со тие информации“, рече Крис Калабрезе, потпретседател за политика во Центарот за демократија и технологија.