Свет 21. октомври 2019. / 20:45

Марк Еспер во ненајавена посета на Ријад

Марк Еспер во ненајавена посета на Ријад

Државниот секретар за одбрана на САД, Марк Еспер денес пристигна во ненајавена посета на Ријад, соопшти државната телевизија „Ал Екбари“.

Телевизијата не откри никакви детали за програмата на посетата на Еспер која следуваше по неговата посета на Авганистан.

На 11 октомври Вашингтон одобри распоредување на неколку илјади војници во Саудиска Арабија за да го заштити својот најголем сојузник во регионот од дестабилизација, која според САД, ја спроведува Иран. Вашингтон уште на крајот од септември најави распоредување на 200 војници во Саудиска Арабија, што беше првиот воен контингент по повлекувањето на американските трупи во 2003 година.

Со претходните војници, вкупно 3.000 дополнителни војници минатиот месец добиле дозвола за продолжување на престојот или им е одобрено заминување, соопшти Пентагон.

Засилувањата, покрај војниците, вклучуваат и ракети Патриот и антиракетен штит „ТХААД“ (THAAD).

Во последните месеци се зголемија тензиите меѓу Саудиска Арабија и САД од една страна и Иран од друга страна.