Малта на 1 јуни ќе ги отвори своите граници за туристите од 16 европски земји, како и за тие од Израел и само од одредени делови на Италија.
Малтешките власти објавија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои ќе пристигнат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија.
Со својата богата историја и ноќен живот, Малта се смета за туристичка мека меѓу туристите, особено кога станува збор за Британците, Италијанците, Германците и Французите.
Сепак, од овие земји само граѓаните на Германија се на списокот на земји што ќе можат да го посетат островот уште следната недела.
Во Малта се пријавени 619 случаи на корона вирус и девет смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.