Белгиското федерално обвинителство уапси две малолетни лица под сомнение дека планирале терористички напад, пренесува Гардијан.
Осомничените на возраст од 16 и 17 години биле уапсени на 31 октомври по рациите во градовите Еупен и Ла Каламин, лоцирани во регионот на Лиеж. Обвинителството соопштило дека се осомничени за „обид за терористички напад и учество во терористичка организација“.
Планирале напад врз полицијата. Пред да бидат осомничени, тие снимиле и видео во кое се заколнуваат на верност кон Исламската држава.
Тие биле уапсени пред терористичкиот напад во Виена овој понеделник каде беа убиени четири лица. Двајцата осомничени биле однесени во притвор во младински центар.
Пред четири години, 32 лица беа убиени во координирани напади во Брисел, а оттогаш белгиската полиција има повеќе акции за спречување на терористичките напади.