Објавена е снимка на која се гледа како еден човек влегува во приватна болница во Јелутонг, Малезија, и фрла молотов коктел. Пет лица беа сериозно повредени во нападот.
Еден маж (39) влегол во болница со торба во рацете и отишол директно до уролошката амбуланта каде што извадил шише бензин, го запалил и го фрлил.
Шефот на полицијата изјави дека напаѓачот бил ментално болен човек кој бил третиран во оваа болница. Тој беше уапсен веднаш по нападот (3 септември) и испратен на лекување во психијатриска болница.
Шефот на полицијата изјави дека напаѓачот дејствувал сам и дека бил личност без семејство и постојана работа.