Свет 24. јануари 2019. / 15:48

Малезија избра нов крал

Малезија избра нов крал

Султанот Абдула Султан Ахмед Шах, владетелот на малезиската држава Паханг, во четвртокот беше прогласен за нов крал на земјата, по неочекуваната и шокантна абдикација на султанот Мухамед V на почетокот од овој месец.

Лидерите на малезиските благороднички семејства, познати како Конференција на владетели, го избраа 59-годишниот Султан Абдула, чиј мандат според ротацискиот систем на монархија во земјата ќе трае пет години.

Мухамед V абдицираше по само две години на тронот.

Султанот Абдула ќе биде официјално прогласен за 16ти шеф на државата на церемонијата што ќе се одржи на 31 јануари. Тој стана султан на Паханг откако неговиот 88-годишен болен татко се откажа од својата позиција, отстапувајќи му место на својот син.

Султанот е воедно и претседател на Азиската хокејска федерација и член за советот на ФИФА.