Свет 09. март 2019. / 21:40

Малезиец доби 10 години затвор за навреда на Исламот на социјалните мрежи

Малезиец доби 10 години затвор за навреда на Исламот на социјалните мрежи

Малезиец доби повеќе од 10 години затвор заради навредување на исламот и пророкот Мухамед на социјалните мрежи, а уште тројца се обвинети поради истото казнено дело, објави малезиската полиција.

Се смета дека ова е до сега најстрога казна за тоа казнено дело во Малезија.

Неименуваниот Малезиец ја признал вината по 10 точки од обвинението поради злоупотреба на социјалните мрежи.

И друг корисник ја признал вината, па пресудата ќе му биде изречена во понеделник.

Уште двајца се изјасниле дека не се чувствуваат виновни, па задржани се во притвор.