Свет 22. јули 2019. / 18:43

Мал авион се урна во поле – едно лице загина

Мал авион се урна во поле – едно лице загина

Еден маж загина, а друг е сериозно повреден откако лесен авион се урна во поле во Англија.

Педесетиедногодишен маж почина на лице место во неделата, а другиот (40) е итно пренесен во болница, пишува британски Гардијан.

Амбулантни возила, пожарникари и спасувачки екипи интервенирале на местото на несреќата.

Причините за падот на авионот сеуште се утврдуваат.