Пакистанските воздухопловни сили соопштија дека мал авион се урнал за време на рутински тренинг лет во близина на воздухопловната база во Пешавар, во северозападниот дел на земјата, при што загинале пилотот и копилотот.
Во соопштението се наведува дека нема информации дека некој настрадал на земја при уривањето на авионот.
Во тек е истрага за инцидентот, а засега нема дополнителни детали.