Свет 25. април 2018. / 19:08

Макрон: Живееме во време на бес и страв

Макрон: Живееме во време на бес и страв

Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди национализмот и изолационизмот за време на неговиот говор во американскиот Конгрес. Тој нагласи дека ваквите политики се закана за глобалниот просперитет.

Макрон рече дека САД го измислиле мултилатерализмот и сега треба да го повторат изумот за да создадат нов светски поредок од 21 век. Тој рече дека сега сите живееме во време на бес и страв.

„Изолацијата, повлекувањето и национализмот може да бидат примамливи како привремен одговор, но тие нема да го угаснат, само ќе го разгорат, стравот кај нашите граѓани” рече Макрон.

На францускиот претседател му беше доделена триминутна овација по неговиот говор во Конгресот.

Говорот на Макрон во салата го слeдеа американскиот потпретседател Мајк Пенс и министрите од кабинетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој во пресрет на обраќањето на францускиот претседател, на Твитер напиша дека едвај чека да го гледа и дека тоа е голема чест и нешто што ретко се случува, како и дека тој ќе биде прекрасен, мислејќи на Макрон.