Свет 18. септември 2018. / 12:48

Макрон загрижен – уште еден министер се повлекува од владата

Макрон загрижен – уште еден министер се повлекува од владата

Уште еден министер се повлекува од француската влада. Овој пат министерот за внатрешни работи Жерар Колом и еден од најблиските соработници на претседателот Емануел Макрон изјави денеска дека ќе се кандидира за градоначалник на Лион во 2020 година.

Со таа изјава Колом стави дополнителен притисок врз владата на Макрон која минува низ период на нестабилност.

Најновата изјава на Колом за Експрес следува по неочекувани оставки на министерот за животна средина Никола Уло и министерката Лаура Флесел. Колом најави дека може да се повлече од сегашната функција во средината на следната година.