Свет 26. февруари 2021. / 11:15

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ /„Астразенека“ доколку се понуди кога ќе дојде неговиот ред.

-Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на ‘Астразенека’ е докажана, им рече Макрон на новинарите по виртуелниот самит на Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.

Макрон предизвика вчудовиденост во Велика Британија откако претходно оваа година рече дека вакцината дејствува „квази-неефикасно“ меѓу постарите од 65 години, потсетува „Ројтерс“.

-Мојот ред ќе дојде, но имам време. Ако се работи за вакцина што ми е понудена, секако ќе ја примам, додаде францускиот претседател