Свет 25. мај 2018. / 22:30

Макрон: Сакнциите кон Русија нема да бидат укинати без исчекор во односите со Украина

Макрон: Сакнциите кон Русија нема да бидат укинати без исчекор во односите со Украина

Европската Унија нема да ги укине санкциите кон Русија без исчекор во односите со Украина, порача денеска францускиот претседател, Емануел Макрон.

„Едноставно е, нема да ги укинеме санкциите ако не се направи ништо. Тоа е она за коешто разговаравме со претседателот Путин“, рече Макрон по завршувањето на состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин за време на Економскиот форум во Санкт Петербург

Додаде дека земјите членки ќе се состанат во јули, каде ќе разговараат за продолжување на санкциите за Русија, воведени во 2015-та година.