Свет 04. јануари 2020. / 22:46

Макрон разговарал со ирачкиот претседател по убиството на Сулејмани

Макрон разговарал со ирачкиот претседател по убиството на Сулејмани

Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со ирачкиот претседател, тие се согласиле да работат на олеснување на тензиите на Блискиот исток, откако американско беспилотно летало го усмрти командантот на ирачката револуционерна гарда, Касим Сулејмани.

Двајцата претседатели се согласија да останат во близок контакт за да се избегне натамошна ескалација на тензиите и да дејствуваат за да се обезбеди стабилноста во Ирак и во поширокиот регион– се вели во соопштението од канцеларијата на Макрон.

Денеска илјадници луѓе маршираа низ Багдад за да му оддадат почит на генералот Сулејмани и ирачкиот про-ирански шиитски лидер Али Махди ал-Мухандис.

Мухандис, командант на трупите за Народна мобилизација и водачот на иранската револуционерна гарда Сулејмани, беа убиени на аеродромот во Багдад, по што Иран вети одмазда.

Макрон, исто така, разговараше за ситуацијата на Блискиот исток со лидерот на Обединетите Арапски Емирати и со владетелот на Абу Даби.

Шеикот Мухамед бин Зајед ал-Нахјан и Макрон ја истакнале важноста на борбата против т.н. Исламска држава и работата за решавање на кризата во Либија, соопшти канцеларијата на Макрон.

Франција и Обединетите Арапски Емирати го поддржуваат генералот Калифа Хафтар, наспроти меѓународно признаената влада на Либија во Триполи, поддржана од Турција и Катар.

Претходно денес, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан изјави дека разговарал со германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас и кинескиот дипломат Ванг Ји за состојбата на Блискиот исток.

Сите ние особено го истакнавме нашиот договор за важноста за одржување на стабилноста и суверенитетот на Ирак и регионот како целина, како и потребата Иран да избегне какви било нови прекршувања на Виенскиот договор (нуклеарна спогодба со Иран, -рече Ле Дријан.

Според Виенскиот договор од 2015 година, потпишан од Иран, САД, Кина, Франција, Русија, Велика Британија, Германија и ЕУ, повеќето меѓународни санкции против Иран беа повлечени следната година во замена за ограничувања во развојот на иранската нуклеарна програма.

Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018 година, тврдејќи дека договорот не го попречува иранскиот план за развој на нуклеарното оружје и воведе тешки економски санкции кон Техеран.