Свет 15. април 2020. / 14:13

Макрон: Професор Раулт е голем научник, но неговиот третман со хлорокин мора да се тестира

Макрон: Професор Раулт е голем научник, но неговиот третман со хлорокин мора да се тестира

Францускиот претседател, Емануел Макрон, за првпат се изјасни околу контроверзните испитувања засновани врз лекот „хлорокин“ од страна на професорот Дидие Раулт, од Институтот за инфекции во Марсеј, соопштувајќи дека смета оти третманот со „хлорокин“ мора да се тестира.

Претседателот Макрон се сретна со Раулт на  9 април во Марсеј за време на подготвителните разговори за неговото телевизиско обраќање во понеделникот вечерта

Убеден сум дека професорот Раулт е голем научник. Комбинацијата на хидроксихлорохин и азитромицин мора да се тестира – објасни Макрон во интервју дадено за „РФИ“.

Студијата на професорот Раулт од болничко-универзитетскиот институт „Медитеране Инфекција“, предизвика контроверзи, а особено беше критикувана од дел од медицинската професија заради недоволниот број на тестови. Претседателот Макрон инсистираше на тоа дека сите патеки мора да бидат истражени, вклучително и таа на Дидие Раулт.

Јас сум одушевен од тоа што го кажува и објаснува. Навистина, тој нè повикува да бидеме смирени затоа што тој самиот вели дека работите можат да варираат во зависност од годишните времиња и дека вирусите реагираат според екосистемите – изјави Макрон прашан да даде објаснување за наодите на професорот Раулт.

Во врска со потенцијалната токсичност на „хлорокин“ и срцевите ризици што може да ги предизвика молекулата, Емануел Макрон прецизира:

Тој го користи и има свој протокол. Тој е овластен од надлежните органи од Монпелје. И ние мора да одиме напред, да ја покажуваме ефективност и да ја мериме токсичноста. Претседателот на Француската Република не е таму да каже „таквиот третман е добар или не е добар“. Моја должност е дека сите терапевтски патеки што се следат денес можат да бидат предмет на ригорозни клинички испитувања и што е можно побрзо, за да може да се најде третман.

Истражувачкиот институт на професорот Дидие Раулт, минатата недела го објави на интернет резимето на новата студија со која се испитува основаноста на хидроксихлорокинот против корона вирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинскиот свет.

Раулт, исто така, тврди дека епидемијата со Ковид-19 почнува полека да исчезнува од Марсеј и дека вирусот „може да исчезне за неколку недели, поради навистина необични причини“. На ова реагираше здравствена агенција одговори да не се избрзува со заклучоците.