Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека популизмот се шири низ Европа како болест.
Како што рече, против таа болест, Европејците би требало да се борат посилно, наместо да ги критикуваат акциите на проевропските влади како неговата.
„Можете да видите како се воздигнуваат и се шират како лепроза низ Европа, во земјите каде што мислевме дека е невозможно да ги видиме пак, во соседните земји. Тие ги говорат најлошите работи, а ние се навикнуваме на тоа. Тие провоцираат, а никој не е ужаснат од тоа“, рече Макрон.
Макрон се најде под притисок во својата земја откако ја критикуваше Италија бидејќи не го прифати бродот со мигранти „Аквариус “.
За време на посетата на Велика Британија, Макрон ги повика коментаторите најпрво да се изборат со оние кои ја мразат Европа, пред да го напаѓаат него.