Свет 20. август 2020. / 11:03

Макрон: Политиката на Ердоган е насочена кон дестабилизација на ЕУ

Макрон: Политиката на Ердоган е насочена кон дестабилизација на ЕУ

Политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, вели Емануел Макрон во интервју за „Пари меч“.

Според францускиот претседател, Ердоган спроведува експанзионистичка политика заснована врз мешавина на национализам и исламизам, што е некомпатибилна со европските интереси и е фактор за дестабилизација на Европа.

Во таква ситуација, Европа мора да направи реална проценка на она што се случува и да дејствува во согласност со нејзините интереси“, рече Макрон.

На 12-ти август, Макрон ја повика Анкара да го запре едностраното истражување на нафта во Источниот Медитеран. Следниот ден, француското Министерство за одбрана објави дека испраќа два авиони и фрегата во регионот, што предизвика остра реакција од Анкара.

Макрон уште вели дека тој бил еден од неколкумина европски лидери кои се сретнал со Ердоган поради што бил критикуван.(БГНЕС)