Претседателот на Франција, Емануел Макрон рече дека е подготвен да го разгледа предлогот на рускиот претседател, Владимир Путин, за мораториум на распоредување ракети со среден и краток дострел на територијата на ЕУ.
Информацијата ја пренесува германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, кој имал увид во писмото што претседателот на Франција му го пратил на Путин.
Како што пишува германскиот весник, на 23 октомври Макрон во својот писмен допис навел дека иницијативата на првиот човек на Руската федерација треба внимателно да се разгледа во билатерални и мултилатерални формати.
Челниците на НАТО потврдија дека го примиле предлогот на Путин, но сметаат дека тој не заслужува внимание.