Свет 01. март 2020. / 15:50

Макрон побара од Путин и Ердоган да воспостават прекин на огнот во Сирија

Макрон побара од Путин и Ердоган да воспостават прекин на огнот во Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повикал претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, да ги прекинат непријателствата во Сирија и да договорат траен прекин на огнот.

Во одвоените телефонски разговори со двајцата претседатели Макрон изјавил дека е длабоко загрижен заради можната хуманитарна катастрофа предизвикана со сириската офанзива во Идлиб.

Претседателот истакна дека итниот прекин на огнот е неопходен и ги повика Русија и Турција да воспостават траен и проверлив прекин на огнот како што беше договорено со Франција и Германија на самитот во Истанбул во 2018 година – соопштија од Елисејската плаата.

Макрон, исто така, изразил жалење поради смртта на турските војници во Сирија и ја повика Турција да соработува со ЕУ околу мигрантското прашње.