Свет 04. јули 2018. / 10:17

Макрон планира антиисламистички акции со Нигерија

Макрон планира антиисламистички акции со Нигерија

Францускиот претседател Емануел Макрон се сретна со колегата од Нигерија Мухамед Бухари, да договорат заеднички активности против исламистичките групи во Западна Африка.

– Мораме да го засилиме притисокот и да ги прошириме нашите активности против џихадистите. Франција ќе остане во регионот на Сахел се додека тоа е потребно, изјави Макрон.

Се смета дека во меѓу-верските борби во Нигерија во изминатите десетина години биле убиени над 20.000 лица, а милион биле протерани од нивните домови.

Франција има 4.000 војници распоредени во Мали, Буркина Фасо, Чад и Нигерија.