Свет 23. јануари 2020. / 17:28

Макрон: Одлучно против омразата и нетолеранцијата на антисемитизмот

Макрон: Одлучно против омразата и нетолеранцијата на антисемитизмот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја е решена да се бори против омразата и нетолеранцијата што придонесуваат за подемот на антисемитизмот во Франција.

Макрон е еден од неколкуте десетици светски лидери што присуствува на церемониите во Меморијалниот центар Јад Швашад во Ерусалим заради одбележување на 75-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц.

– Темната сенка на антисемитизмот е повторно родена. Антисемитизмот се врати – рече Макрон, кој денеска се сретна со преживеаните од Холокаустот.

Францускиот претседател истакна дека во таа борба нема да победи антисемитизмот и дека неговата решеност да дејствува против тој феномен е целосна.

Макрон претходно се сретна со преживеаните од Холокаустот со француско потекло во меморијалниот центар, кој беше подигнат во спомен на 76.000 Евреи кои за време на Втората светска војна беа префрлени во логори на смртта, како што е Аушвиц.