Свет 01. мај 2018. / 17:32

Макрон објави снимка од разговор со Путин (ВИДЕО)

Макрон објави снимка од разговор со Путин (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон не му персира на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, а тоа може да се слушне на видео-снимката која ја објави Макрон на Твитер.

Оваа кратка снимка е направена за време на летот на Макрон за Австралија, а од неа може да се слушне како францускиот претседател на својот руски колега му се обраќа на „ти“, пишуваат француските медиуми.

-Благодарам, Владимир, што го прифати мојот телефонски повик. Сакав со тебе да разговарам за да ја анализираме малку…, му рече Макрон на Путин во текот на разговорот.

За овој разговор, францускиот претседател на Твитер напиша:

-На врска со Владимир Путин, поради новата заедничка анализа. Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Стабилноста на рагионот и меѓународната безбедност од тоа зависат. На тоа работиме, како што мора да работиме на и воспоставување мир во Сирија.