Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , зашто не го прекинал одморот за да присуствува на одбележувањрто на стогодишнината од битката кај Амијен. На синоќешната церемонија учествуваа и делегации на Британија , Германија , Канада и Ирска , чии 100.000 војници учествувале во големата битка во Првата светска војна
Макрон се одмора на француската ривиера , додека на годишнината вчера дојдоа британската премиерка Тереза Меј и принцот Вилијам . Непријатноста да биде поголема , тие го чекаа да се појави барем премиерот Едуар Филип , но ни тој не дојде.
,, Емануел Макрон вече го прекина еднаш одморот во замокот Брегансон поради Тереза Меј . Јасно е дека немаше намера тоа повторно да го направи .” , пишува францускиот весник Паризијен, алудирајќи на разговорите за Брегзит на Макрон со Меј на почетокот на месецов.
Инаку , Амијен е родно место на Макрон .Како претставник на Франција во катедралата се појави министерот за одбрана , Флоранс Парли. .