Свет 23. мај 2018. / 10:25

Макрон на средба со Путин

Макрон на средба со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре претстојува во својата прва официјална посета на Русија, каде ќе има средба со рускиот колега Владимир Путин.

Освен за билатералните односи, планирано е тие да разговараат и за иранската нуклеарна програма, украинската криза и Сирија – три теми за кои имаат спротивни ставови.

Макрон ќе присуствува и на 22-от економски форум Санк Петерсбург, каде ќе биде почесен гостин заедно со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Елисејската палата наведе дека Макрон има желба за „содржаен дијалог… за да се утврдат точките околу кои двајцата лидери имаат согласност“.